Search

Жито Лукс го модернизира производството на леб

Најголемиот производител на леб и брашно во државата Жито Лукс во процес е на имплементација на голема инвестиција односно модернизирање на производството што подразбира целосна дигитализација и автоматизација на дистрибуцијата на брашно во фабриката за леб.

Техничкиот систем што ќе се имплементира е еден од најмодерните системи достапни деновиве на пазарот во ЕУ. Ова ќе овозможи безбедно и одржливо продолжување на деловните активности на компанијата што би значело зголемена ефикасност и флексибилност во производството на различните  видови леб.

-Горди сме, што и покрај сите предизвици оваа година, ќе спроведеме процес на модернизација на производството што подразбира целосна дигитализација и автоматизација на системот на дистрибуција на брашно во нашата фабрика за леб. Оваа инвестиција е најголема од низата спроведени изминатите 10тина години. Токму поради овие инвестиции сме во можност постојано да ја прошируваме палетата на производи и да воведуваме нови стандарди на пазарот се со цел да ги задоволиме потребите на потрошувачите и да пресретнеме нови трендови во прехранбената индустрија. Конкретно оваа инвестиција ќе ни овозможи да работиме поефикасно и е од огромно значење за квалитетна одржливост на бизнисот, изјавија од Жито Лукс.

Во изминатите 10 години компанијата имаше неколку позначајни инвестиции. Имено компанијата вложи во нова линија за производство со што го зголеми степенот на автоматизација на процесот на производство на тост и двопек и во исто време го зголеми производствениот капацитетот на овие две групи производи. Дополнително, како позначајна инвестиција во опрема се издвојува инвестицијата во линијата за пастеризација на лебовите, а придобивките од истата се следни: задоволување на потребите за зголеменото производство на пастеризирани лебови, зголемен рок на производите без употреба на конзерванси, стабилен и контролиран квалитет.

Целта на компанијата е да се развива и понатаму, воведувајќи нови производи, задоволувајќи ги потребите на потрошувачите, а меѓу другото и да се помогне онаму каде што е неопходно. Имено, во време на кризата со КОВИД еден од приоритетите на компанијата е да помогне на социјално загрозените групи граѓани. Во рамките на општествена одговорност компанијата оствари донација на производи на неколку здруженија, институции и организации за помош и поддршка на најранливите категории.

Во овој период од исклучително значење е посветеноста на вработените во Жито Лукс кои покажаа подготвеност да одговорат на сите предизвици. Токму поради нивната посветеност компанијата покажа дека и во вонредни околности квалитетот и потрошувачот останаа приоритет.

Треба да знаете
Последни објави