Search

Жител од Љуботен е тешко повреден при обид рачно да стартува мотор на трактор

Жител на селото Љуботен, на возраст од 76 години е тешко повреден и пренесен во болница откако се обидел рачно да го стартува моторот на трактор. Како што информираат од МВР, инцидентот се случил во попладневните часови на 9. октомври на местото викано Јарзиц, во атарот на скопското село.

Повредениот успеал рачно да го покрене моторот на трактор „ИМК 539“, при што истиот се придвижил кон него, нанесувајќи му тешки повреди.

Селанецот бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ за укажување на лекарска помош.

Треба да знаете
Последни објави