Search

Жителите на Припор на протест: Кој е следниот кој треба да го изгуби животот за да се направи потпорниот ѕид?

Жителите на скопската населба Припор, вечерва излегоа на протест за да го изразат своето незадоволство кон Општина Кисела Вода, поради неизградениот потпорен ѕид, поради што, како што велат, се појавило свлечиште на патот, кое одзеде еден човечки живот.

Тие ја блокираа главната улица која ги поврзува околните населби и села. Ги повикаа надлежните од општина Кисела Вода и фирмата „Баџак“, изведувач на потпорниот ѕид, да им објаснат до каде е работата со потпорниот ѕид, која прекина поради несреќен случај во кој животот го загуби еден работник на фирмата.

„Ние жителите од улица 14 во населба Припор не гледаме никаков напредок во градбата на потпорниот ѕид, кој представува основнен фактор со кој улицата би била безбедна за поминување“ велат жителите.

Бараат потпориот ѕид да се заврши во најкус можен рок, бидејќи, како што велат, секојдневно се движат по улицата и секојдневно е загрозена нивната безбедност. Се плашат дека во секој момент може да се свлече и остатокот од улицата и да одземе и други жртви.

Прашуваат кој е следниот кој треба да го изгуби својот живот, за да се направи потпорниот ѕид и кога фирмата „Баџак“, која го доби тендерот од општината, треба да го заврши овој ѕид.

Треба да знаете
Последни објави