Search

Жителите на Кисела Вода ќе имаат можност да се едуцираат како да добијат бесплатна правна помош

Утре во големата сала на Општина Кисела Вода во организација на Македонското здружение на млади правници од 13:30 до 15:30 часот ќе се одржи едукативна сесија за правна поддршка на населението со ниски приходи.

На едукативниот настан кој ќе се одржи во рамки на проектот „Мобилни тимови за правна поддршка на поединци и семејства со ниски приходи” присутните ќе имаат можност да се запознаат со тоа како да добијат бесплатна правна помош и права од социјална заштита. Настанот е наменет за жителите на Општина Кисела Вода.

Проектот на Македонското здружение на млади правници се реализира со финансиска поддршка од Европската унија.

Треба да знаете
Последни објави