Search

Жиру стана најдобар стрелец на Франција

Напаѓачот Оливие Жиру го собори рекордот на францускиот национален тим по постигнати голови.

Фудбалерот кој игра за Милан го отвори резултатот на денешниот осминафинален натпревар на Светското првенство против Полска во 44. минута.

Жиру сега има 52 гола за националниот тим. Тој го надмина достигнувањето на Тиери Анри.

Франција води по еден час игра против Полска со 1:0.

Треба да знаете
Последни објави