Search

Жиру може да го напушти Челси во јануари

Напаѓачот на Челси, Оливие Жиру може да ја смени клупската средина веќе во јануари, пренесува „Калчомеркато”.

Италијанскиот прволигаш Интер е заинтересиран за услугите на Французинот.

Претходно, клубот од Милано потпиша договори со Ромелу Лукаку и Алексис Санчез, но селекторот Антонио Конте сака да го засили нападот за да ги зголеми опциите при изборот на составот за натпревари од Серија А, Лигата на шампиони и Купот на Италија.

Договорот на Жиру со Челси истекува во јуни 2020 година.

Треба да знаете
Последни објави