Search

Жиру блиску до Интер

Напаѓачот на Челзи, Оливие Жиру, се приближува на преселба во Интер, според „Екип”. Според авторитетното француско издание, 33-годишниот фудбалер речиси ги договорил личните услови со „”нероазурите. Сепак, тешкиот дел допрва треба да дојде – италијанскиот клуб ќе мора да се договори со Челзи за износот на трансферот.

Жиру игра многу ретко откако Френк Лампард ја презеде функцијата менаџер на „Стемфорд Бриџ”. Светскиот шампион со Франција има само 7 настапи од почетокот на сезоната, и тој не може да си дозволи да седи на клупата, доколку сака да биде дел од тимот на ЕП 2020.

Французинот е трет избор за нападот на Челзи по Тами Абрахам и Миша Батшуаи. Тој би бил ист во Интер, каде sвезди се Ромелу Лукаку и Лаутаро Мартинез, но шемата на два напаѓачи на Антонио Конте ќе му даде многу можности да направи свое деби до крајот на сезоната. Доколку потпише со тимот од Милано, Французинот сигурно ќе игра редовно во Лигата на Европа.

Доколку договорот не успее, поранешниот напаѓач на Арсенал ќе има опција да се врати во Франција во екипата на Лион. Сепак, „децата” не може да му понудат 500.000 евра месечно што ги добива во Челзи. Кристал Палас исто така е заинтересиран за напаѓачот, но досега не е ништо официјализирано.

Треба да знаете
Последни објави