Search

Жив изгорел палејќи трева

Жител од кочанското село Оризари изгорел во пожар откако претходно палел сува трева, вчера во близина на селото. Според полицијата, во пожарот загинал Б.П.(82).

Несреќата се случила вчера во месноста Бели Камења, над селото Оризари, откако претходно Б.П. палел трева во нива. Пожарот почнал неконтролирано да се шири и го зафатил Б.П. кој починал на местото на настанот.

Од екипа на Територијалната противпожарна единица Кочани пожарот бил изгаснат,  а по овластување на Јавен обвинител телото на починатиот било предадено на семејството.

Треба да знаете
Последни објави