Search

Живковски: За жал чистиот воздух што го ветуваше Темелковски никако да дојде

Поминаа две години од владеењето на Градоначалникот Филип Темелковски, Две години на лаги и празни зборови, две години без да биде реализиран ниту еден проект во Општина Кисела Вода.           За жал ни чистиот воздух што го ветуваше Темелковски никако да дојде.           Изградбата на градинка во Драчево и Расадник, гасификацијата на општината, комплексот за заштита на бездомни миленичиња, изградбата на поликлиника во населба Расадник се само дел од празните предизборни ветувања на градоначалникот Темелковски.

Почитувани граѓани, но тоа не е се. Како честитка за двегодишното неработење на локалната самоуправа Градоначалникот на шверцерски скандалозен начин и без никакво информирање на граѓаните, предлага донесување на Детален Урбанистички План за градска четврт Ј14, односно ДУП за Локалитет Расадник.

Господине Темелковски, граѓаните на Кисела Вода заслужуваат да знааат каков план им кроите. Граѓаните на Кисела Вода заслужуваат да знаат дека предлагате ДУП во кој ќе се исечат повеќе од 15.000 дрва и дека  ќе се насели еден цел нов град од повеќе од 30.000 жители, а притоа знаете дека максималниот број на населување согласно Генералниот урбанистички план е максимум 8.000 жители.

Граѓаните заслужуваат да знаат дека со новиот ДУП сакате да предвидите и повеќе од 128 згради, од кои повеќе од 30 згради ќе бидат облакодери со поголема висина и од 40 и од 50метри. Господине Темелковски граѓаните треба да знаат и дека со истиот ДУП предвидувате изградба на школи, верски објекти, државни институции под постоечки далноводи кои зрачат и  кои се штетни по животот и здравјето на луѓето.

Господине Темелковски, бидете искрен и излезете пред граѓаните, кажете им ги вашите намери, кажете им дека наместо чистиот воздух, катните гаражи, проектите, борбата со урбаната мафија кои ги ветувавте, вие сакате предизвикате урбан хаос и да населите еден цел нов град од 30.000 жителите , без притоа да  имате било каква грижа за последиците и штетите по здравјето на граѓаните на Кисела Вода.

Господине Градоначалник, две години беа доволни за да граѓаните сфатат со кого си имаат работа, две години беа доволни за вашите лаги и празните ветувања. Повлечете се од намерите, граѓаните очекуваа решенија, а вие им нудите проблеми и им создавате проблеми.

Запаметете вашето време поминува, а дотогаш граѓаните ќе бидат тука да ве спречат во обидот за узурпирање и уништување на Општина Кисела Вода.

 

Треба да знаете
Последни објави