Search

Живеј и остави ги другите да возат! „Астон Мартин“ направи реплика на возилото на Бонд

„Астон Мартин“ создава реплика на еден од своите најиконични автомобили за љубителите на Џејмс Бонд, но за жал,  ДБ5 нема да биде легален за патување, а цената ќе се движи околу 3,3 милиони фунти.

Фановите на Бонд веднаш се залетаа по новото прескапо возило опремено со митралези, димни екрани и штит за заштита од куршуми, но премногу опасно за возење.

Првите автомобили треба да бидат доставени до нивните сопственици подоцна оваа година, иако не можат да се возат на патишта.

Оригиналниот Астон Мартин ДБ5 првпат го возеше Шон Конери во филмот „Голдфингер“ од 1964 година. Покрај Конери, и други двајца 007 агенти – Пирс Броснан и Даниел Крејг – возеа ДБ5 во филмовите за харизматичниот таен агент Џејмс Бонд.

 

Однадвор автомобилите ќе изгледаат точно како оној што го возеше Шон Конери во Голдфингер.

Ентериерот го копира филмскиот автомобил, со низа копчиња и гаџети, иако седиштето за исфрлање е оневозможенo.

ДБ5 на Даниел Крејг во претстојниот „Не е време за умирање“ (No Time To Die) е опремен со поголеми митралези на фаровите.

Треба да знаете
Последни објави