Search

Жељко Бебек открива: Го напуштив „Бијело дугме“ бидејќи не сакав да пеам „рамна ти е Југославија“

Оригиналниот пејач на „Бијело дугме“, роден во Сараево, кој го донесе Горан Бреговиќ во неговиот прв бенд „Кодекси“, денес живее среќно во Загреб со своето семејство.

Легендарниот пејач Жељко Бебек (75) во интервјуто за „Вечерњи лист“ проговорил за деталите за напуштањето на групата „Бијело дугме“ во 1984 година. Ја коментирал изјавата дека несогласувањата започнале поради песната „Косовска“, која Горан Бреговиќ (70) ја напишал на албански јазик.

„Несогласувањата започнаа една година претходно, во времето кога Горан веќе во голема мера беше одделен од базата на бендот, всушност, кога веќе не ни беше во бендот, туку сметаше дека сме бенд што работи за него. Како човек кој ја сака музиката и својот бенд, се плашев да не се повтори ситуацијата кога политиката веќе во 1976 година влезе да му направи дар-мар на „Бијело дугме“. Почна да ми пречи тоа што Горан почна да форсира дека рокенролот мора да „плука“ по нешто и не сфатив зошто ни требаше песна на албански јазик. Не бев ниту против таа песна ниту против албанскиот, но не знаев зошто на „Бијело дугме“ тоа му треба.“, вели Бебек.

„Живеевме во свет во кој тој потег можеше да наликува на уметничка слобода, а истовремено можеше да значи и ова – ако веќе постои рамноправност, тогаш можеме да пееме и на албански. Тоа, всушност, ме онерасположи и тогаш почнав да размислувам за тоа што мене ми треба, јас кој сакав да ја пеам „Селма“, „Сонував синоќа дека те нема“ или „Не спиј, малечка моја“, па сега одеднаш пеам песна што има друга конотација. И освен тоа што морав да ја научам и што ми беше многу тешко да пеам на албански, морав со тоа да пренесам и некоја порака, која ќе добие одговор во некое следно време“, продолжува тој…

Преземено од Слободен Печат

Треба да знаете
Последни објави