Search

Жесус: Не се залажуваме, тоа е Реал Мадрид

Напаѓачот на англискиот фудбалски првак Манчестер сити, Габриел Жесус кој се запиша во листа на стрелците на „Сантијаго Бернабеу“ на првиот меч од осминафиналето во Лигата на шампионите против Реал Мадрид, а неговиот тим го доби дуелот со пресврт (1:2), покажува почит кон тимот со најмногу европски круни и не го отпиша во до крајот на двомечот.

Тој исто така изрази радост за неговиот гол на натпреварот.

– Јас сум многу среќен, мојот гол во средата беше еден од најважните и најзначајните во мојата кариера. Беше многу тежок натпревар, сите ја знаеме големината и тежината на Реал Мадрид. Затоа велам колку сум среќен и сигурно ќе ја паметам секогаш таа голема ноќ. Но, сега треба да се фокусираме на реваншот. Сè уште ништо не е решено, дури и резултатот. Не се залажуваме, тоа е Реал Мадрид. Тие имаат многу квалитети и мора да бидеме сконцентрирани. Сега сепак размислуваме за Лига Купот и потоа повторно ќе се вратиме во Лигата на шампионите, рече Жесус.

Треба да знаете
Последни објави