Search

Жестоки судири во Атина: Навивачите на Ајакс ги нападнаа Грците

Фудбалерите на АЕК ќе ги одмерат силите со Ајакс вечерва во 5-то коло од Лигата на шампионите, а во пресрет на натпреварот, на улиците на главниот град на Грција се водеше вистинска војна помеѓу навивачите на двете екипи.

Навивачите на Ајакс синоќа направија вистински хаос на улиците на Атина, помогнати од навивачите на Краковија и Панатинајкос, тие тргнале во „лов“ на навивачи на АЕК.

Набрзо пронашле група на навивачи на грчкиот тим, по што дошло до жестоки судири, а на видеата кои што беа објавени на социјалните мрежи можат да се слушнат дури и експлозии.

Треба да знаете
Последни објави