Search

Жерновски на „Топ тема”: Не прекршочна, однесувањето на Мизрахи има поголема одговорност – релативизирање на настанот е опасно

“Ќе и ја доставам нотата од Грција на министерката Мизрахи за лично да се увери. Таа е министер на Република Северна Македонија. Не само што немаме повлекување на незиниот ставот, туку имаме потврдување. Ако првиот настап беше грешка, вториот е веќе конфликт. Ова се случува во моменти кога влегуваме во НАТО и се поставува прашањето- кој стои зад ова? Ваквото однесување по навика им е останато од Груевски. Однесувањето на Мизрахи е практично однесување на Груевски, а тоа не очекува и од Мицковски во иднина. Нанесување на ваква штета е страшно. Граѓаните ќе имаат можност преку незјините постапки да одлучат дали ќе изберат напредок на државата или изолација и тапкање во место. Не може да се релативизира ова однесување на Мизрахи. Релативизирањето на таков настан е опасно. Ова не може да се заврши само со прекршочна пријава, туку има друга одговорност”- изјави Андреј Жерновски, заменик министер за надворешни работи и член на ЦО на СДСМ во гостувањето на „Топ тема” на телевизија Телма.
Тој го критикуваше однесувањето на опозицијата дека е неодговорно во период кога државата се интегрира во Европа.
„Тешко е да го управивате бродот со ваква опозицијата. Мицковски постојано ги менува ставовите кон Преспанскиот договор. Еднаш го поништува, друг пат го прифаќа. Постојано зборува се изгубил идентитетот. Како тоа сме го изгубиле идентитетот? Постои ли таков пример некому да е загрозен идентитетот?”- праша Жерновски алудирајќи на тоа дека договорот со Грција не го менува македонскиот идентитет и македонскиот јазик.
Жерновски и укажа на опозицијата да не го користи договорот за манипулирање со граѓаните, особено во предизборни цели.
Едно е непознавање на договорот, друго е лажење на граѓаните. Во Спогодбата со Грција стои дека  не подложи на измени. Како вие го ветувате тоа дека ќе направите промени во содржината на Договорот? Нема да дозволиме замајување на јавноста околу договорот. Еве да претпоставиме дека ВМРО ДПМНЕ ќе го поништи договорот, како тогаш ќе се викаме во ООН?. Пак ќе одиме на Поранешна Југословенска?- реагираше Жерновски.
Во врска со денешниот ден кога државата го подигна знамето на НАТО пред Собранието и кој ќе биде запишан  во историјата како еден од клучните датуми, заменик министерот уште еднаш апелираше на политичко единство за доброто на државата.
„Бевме изолирани и скарани со соседите, а сега ја внесуваме државата во побезбедни води. Во Шпанија ратификацијата на документот за нашето членство е од технички карактер и ние во март ќе станеме полноправна членка на НАТО. Оттаму, загрозување на Преспанскиот договор ќе значи загрозување на нашата иднина, на нашиот пат кон ЕУ и НАТО. Сите политички партии мораат да го разберат ова. На крајот, горд сум, за две и пол години сме членки на НАТО, а конечно и ќе ги започнеме преговорите со ЕУ” – изјави Жерновски.
Во врска со Законот за јавно обвинителство Жерновски се здржа на криминалот на Груевски и обидите на Мицковски да го заштити.
„Дали има дополнителна потреба да објаснувам зошто ВМРО ДПМНЕ не го сака Законот за Јавно обвинителство. Уште 10 години години да преговараме со ова ВМРО ДПМНЕ нема да се договориме. Ние прифативме голем дел од забелешките на ВМРО ДПМНЕ, но не и да го браниме криминалот. И ние сакаме да го вратиме Груевски тука како ВМРО ДПМНЕ, ама за во затвор”- заврши Жерновски.
Треба да знаете
Последни објави