Search

Женска чанта „Луј Витон“ запленета во домот на Јанева

Женска чанта „Луј Витон“ била на листата запленети предмети од домот на Катица Јанева на 21 август.

Како што објавува „ТВ24“, не станува збор за „фамозната“ чанта во која во домот на Орце Камчев се пребројувааат и завршуваат милион евра. Но, ако се изведува како доказ во судска постапка ќе послужи како пример за луксузот со кој била опкружена поранешната шефица на СЈО, вели доброупатен извор од истрагата.

Според истиот извор, скапата „Луј Витон“ чанта на Јанева се уште е во Обвинителството, кое има и слика како доказ дека освен мебелот, кај Јанева завршиле и 50.000 евра.

Во меѓувреме се чека судија од скопска „единица“ да го оцени обвинението за „Рекет“. Се додека Кривичен не даде зелено светло, останува можноста некој да признае вина и да бара спогодба со Обвинителството.

Треба да знаете
Последни објави