Search

Женската фудбалска репрезентација У19 со победа ги почна евроквалификациите

Женска фудбалска репрезентација до 19 години славеше вечерва оствари убедлива победа над Фарските Острови од 3-0 (1-0) во рамки на првото коло од турнирот во Белорусија за пласман во елитната фаза во квалификациите за пласман на Европското првенство.

Македонската репрезентација дојде во водство преку Теодора Николовска во 33 минута, по што уследија уште два гола во вториот дел преку Теа Божиноска (74) и Кристина Мојсоска (87).

Претходно денеска домаќинот на квалификацискиот турнир во дивизијата Б, Белорусија, славеше убедлива победа над Кипар со 6-0.

Македонските фудбалерки во второто коло, в сабота, ќе играат против Белорусија, а во последното коло противник ќе им биде Кипар.

Пласман во елитната фаза ќе обезбеди само првопласираната репрезентација.

Треба да знаете
Последни објави