Search

Жените се уште значително помалку платени од мажите за иста работа

– Надлежните институции во соработка со приватниот сектор и синдикатите да развијат ефикасен механизам кој ќе придонесе за изедначување на платите на мажите и жените кои во овој момент за иста вредност во работата се за 23% пониски. Ова беше истакнато денес од Сојузот на стопански комори, Здружението на бизнис жени и Сојузот на синдикати на Македонија, по повод одбележувањето на првиот Меѓународен ден за родова еднаквост на платите – 18 септември.

Родовата еднаквост е основно човеково право и е камен-темелник на просперитетна и модерна економија што генерира одржлив инклузивен раст. Родовата еднаквост е од суштинско значење за да се обезбеди еднаков придонес за мажите и жените во домот, на работното место, во општествениот живот и економијата.

 

Треба да знаете
Последни објави