Search

Жените во Словачка за абортус нема да мора да добијат согласност од мажот

Словачка го отфрли нацрт-законот со кој се бараше жените да направат ултразвук пред абортусот за да го слушнат чукањето на срцето на фетусот, но и да добијат согласност од мажот пред да биде одобрена постапката, јавуваат медиумите.

Предлог-законот беше поднесен од тројца членови на конзервативната Словачка национална партија.

За предлогот на спорниот закон беше дискутирано на почетокот од оваа недела и беше одбиен денес, објави АП.

Повеќе од 30 организации, вклучувајќи ги „Амнести интернешнл“ и „Хјуман рајтс воч“, изразија длабока загриженост за ваквиот предлог-закон.

Тие предупредија дека доколку се донесе законот, Словачка ќе биде единствената членка на ЕУ што ќе наметне такви барања на жени во земји со легализиран абортус.

Треба да знаете
Последни објави