Search

Жена херој: Србинка возејќи автобус во Америка, спаси 19 месечно дете премрзнато од студ

Жена херој: Србинка возејќи автобус во Америка, спаси 19 месечно дете премрзнато од студ

Србинката Ивона Ивиќ,која работи како  возач на автобус во Милвоки, на 22 декември минатата година, возејќи на автопат забележала тукушто проодено бебе, речиси премрзнато, како голо и босо трча на тротоар крај прометна сообраќајница, по што застанала и го зела со себе,  објави Си-Ен-Ен .

Ирена Ивиќ, која е по потекло  од градот Прокупље во Србија, возела на надвозник на автопатот на 22 декември кога забележала босо бебе, облечено во црвена маичка и пелена,  речиси голо.

Видеото објавено од транзитниот систем на Милвоки Каунти покажа дека автобусот застанал,а   Ивиќ излегла и го внела бебето во автобусот.

Една патничка  ја соблече јакната за да го стопли премрзнатото дете.

19 месечното дете излегло од дома само без да го забележи мајката, која имала псичички проблеми.

По преземањето од Ивиќ, социјалните служби го сместиле во прифатен центар, а потоа го споиле со неговиот татко.

 

Треба да знаете
Последни објави