Search

Жена со 600 грама кокаин во стомакот уапсена на аеродром во Истанбул

 Припадници на турските безбедносни сили на истанбулскиот аеродром „Ататурк“ уапсија жена во чиј стомак биле откриени 51 капсула со кокаин, со вкупна тежина од 600 грама.

 

Станува збор за 31-годишна државјанка на Бразил, која во Истанбул допатувала од бразилскиот град Сао Паоло.

Иако во нејзиниот багаж немало ништо сомнително, полицијата сепак ја испратила Бразилката на дополнителна контрола со магнетна резонанца во болница, при што е откриена дрогата во нејзиниот стомак.

Жената веднаш е изведена пред Суд, кој ѝ одреди мерка притвор до почеток на судскиот процес против неа под обвинение за шверц на дрога.

Треба да знаете
Последни објави