Search

Жена починала на интерното одделение во Струга, се испитува дали е од КОВИД 19

Една жена од Лабуништа ,  вчера попладнето починала на интерното одделение во Струга но се уште се испитува дали причината е КОВИД 19, односно посмортем е земен брис кој е на анализа, изјави за Телма заменик министерот за здравство Арменд Аслани.

Тој додаде дека  таа веќе лежела на интерната клиника во Струга со други здрвствени проблеми, но се појавиле проблеми со респираторните органи, по што починала.

Две лица од Лабуништа вчера попладне се пренесени на Инфективмната клиника во Скопје. И за нив нема потврда дали биле заболени од корона вирус. Аслани најави дека денеска заседавало координативното тело за Струга и Охрид и тој присуствувал на состанокот и дополнително ќе се донесат мерки за постапување во Лабуништа каде се прави епидемиолошка анкета на оние кои биле во контакт со лицата кои покажувале симтоми на Ковид 19, а и со починатата соселанка.

Треба да знаете
Последни објави