Search

Жена починала на избирачко место во Сараево

Избирачкото место на Грбавица во Сараево, односно Месна заједница Грбавица 1, е привремено затворено откако жена, родена 1941 година, починала откако добила епилептичен напад на самиот влез на гласачкото место.

Службите за итна помош и полицијата се на терен. Лекарите дале се од себе за да се обидат да ја спасат жената, но по еден час реанимација, за жал, таа не можела да се спаси, пренесува Српскаинфо.

Наскоро треба да се отвори гласачкото место. Ова избирачко место ќе биде затворено најмалку еден час, па работата ќе се продолж и по официјалното затворање на избирачките места во 19 часот, пренесува Аваз.

Треба да знаете
Последни објави