Search

Жена од Калифорнија во тешка здравствена состојба поради крема за лице

Жена од Калифорнија е хоспитализирана во полукоматозна состојба откако употребила крема за лице од Мексико кој била натопена во токсична метил-жива.

Нејзиниот син изјавил дека таа во болницата се наоѓа уште од јули.

Жената била примена во болница со вкочанети раце и мускули на лицето, отежант говор и проблеми со одењето, а нејзината состојба уште повеќе се влошила, пренесува агенцијата АП.

Властите велат дека жената имала 2,630 микрограми жива на литар крв, што е за 500 пати повеќе од прифатливото ниво.

Здравствените работници соопштија дека 47-годишнате жена од Сакраменто ја купила кремата во аптека во мексиканската држава Халиско.

Живата понекогаш се користи за осветлување на кожата и отстранување на брчките на лицето, иако е токсична.

Треба да знаете
Последни објави