Search

Жена на чело на словенечката војска

Словенечкиот министер за одбрана, Карл Ерјавец, потврди дека ќе ја предложи Аленка Ерменц за нов началник на Генералштабот на словенечките вооружени сили.

СТА пренесува дека Ерјавец утре на владина седница ќе го достави предлогот.

Аленка Ерменц дипломирала на Факултетот за социјални науки во Љубљана и Кралскиот колеџ за воени науки во Лондон, а во 2009 година магистрирала во Лондон.

Во словенечките вооружени сили таа е на служба веќе 27 години.

Треба да знаете
Последни објави