Search

Жена нападната од мечка во близина на Љубљана

Повозрасна жена се здоби со полесни повреди откако беше нападната од мечка во близина на нејзиниот дом во селото Врх над Желимљани, што се наоѓа на 15 километри јужно од Љубљана.

Повредената 80-годишна жена е хоспитализирана, а властите ангажираа специјална единица на Шумската служба обучена за отстранување на опасните мечки.

Нападот се случи додека во Словенија се одвива дебата за зголемениот број на мечки лоцирани во југозападниот дел на земјата, иако животните се забележани и во близина на Љубљана.

Словенечкиот Парламент неделава усвои итен закон со кој се предвидува елиминирање на 200 мечки и 11 волци поради се почестите нивни напади врз стоката, што предизвика протести на сточарите.

Треба да знаете
Последни објави