Search

Жена загина во сообраќајка кај Катланово

Четириесет и четиригодишна жена од Богданци вчера загина во сообраќајна несреќа. Како што јави МВР, несреќата се случила на автопатот Скопје-Велес, кај Катланово, кога жената со возилото излеталa од патот.

Во незгодата таа се здобила со тешки телесни повреди и починала на местото.

Смрт констатирал лекар, а по наредба на Јавен обвинител телото било дадено на обдукција.

Треба да знаете
Последни објави