Search

Железниот човек Роберт Дауни Џуниор во борба за животната средина

Холивудскиот актер Роберт Дауни Џуниор се трансформираше во суперхерој Тони Старк во блокбастерот „Железниот човек“. Сега кандидатот за „Оскар“ презема акција против еколошките закани на планетата.

Дауни Џуниор (55) бара одржлива технологија за решавање на проблеми како уништување на шумите и микропластика.

Ѕвездата на филмовите како „Железниот човек“ (2008) и „Одмаздници“ (2012) во средата објави дека иницира капитални фондови со цел „забрзување на револуционерни технологии кои ги адресираат најголемите светски еколошки предизвици“.

Дауни, алтер егото на Ајронмен, во 2019 година најави дека сака да ја спаси нашата планета од еколошка криза, ветувајќи дека ќе ја исчисти за една деценија.

Дауновата организација FootPrint Coalition („Коалиција на стапалки“), основана во 2019 година, и составена од инвеститори, донатори и волонтери посветени на изнаоѓање нови технологии за обновување на планета Земја, веќе инвестираше во компании како Ynsect, кои одгледуваат глисти, и Cloud Paper, која прoизведува бамбусова тоалетна хартија, меѓу другото.

Сега тој сака „брзо да мобилизира повеќе луѓе и да катализира повеќе капитал“.

„Постојат напредни технологии што ќе ги проверуваме… продолжуваме да го правиме она што го правиме, ќе ги бараме најдобрите во класата и ќе го забрзаме процесот на заштита на животната средина“, изјави Дауни за „Ројтерс“.

Треба да знаете
Последни објави