Search

Жбогар: Се надеваме дека до крајот на годината ќе бидат отворени преговорите со ЕУ

Константните реформи и опипливите резултати на Република Северна Македонија ќе придонесат во напредокот на земјата. Европската Унија наскоро ќе ја презентира преговарачката рамка и се надеваме дека оваа година ќе ги отвориме преговорите, изјави евромбасадорот Семјуел Жбогар при денешната официјална посета на општина Ранковце.

Жбогар присуствуваше на официјално отпочнување на градежните работи на современ систем за наводнување за околу 200 хектари обработливо земјиште во Ранковце, дел од проектот на Европската унија за изградба на „Мали ниско трошковни, еколошки прифатливи системи за наводнување”, финансиран преку ИПА програмата за земјоделски и рурален развој, вреден 1.7 милиони евра.

-Земјоделието е едно од поглавјата за кои ќе се разговара во претпристапните преговори за влез во ЕУ и препорачувам државата добро да се припреми. Ја охрабрувам Владата и наделжните институции да воспостават реформи и да формираат здруженија за стопанисување со вода и зачувување на овој драгоцен ресурс  бидејќи земјоделието е најчувствителен сектор засегнат од климатскиет промени, кои ќе влијаат на немање вода и појава на суши. Воспоставувањето добри системи за вода е клучно, но има и други сегменти, како фрагментација на земјоделско земјиште, необработеното земјите и слично, па институциите треба да се позанимаваат и со тоа, додаде Жбогар.

Според него, ЕУ и Делегацијата на ЕУ во РС Макеоднија ќе продолжат со посеветеното предводење на земјата во секоја сфера на придвижување, заедно работејќи на солидарност и промоција на заедничките вредности за сите граѓани. 

Треба да знаете
Последни објави