Search

Жбогар: Немаме против државите да имаат добри односи со Русија и со Кина

Не се противиме на тоа земјите да имаат добри односи со други земји. Не сме против земјите да имаат добри односи со Руската Федерација, како и економски односи со Кина, рече евроамбасадорот во нашата земја, Самуел Жбогар, во интервју за МИА, одговарајќи на новинарско прашање – дали француското „не“ би можело да го засили руското и кинеското влијание во регионов.

-Тоа е до самите земји да проценат какви придобивки добиваат со тоа. Убедени сме, а и добивме потврда синоќа од лидерите на сите политички партии, дека тие ја гледаат иднината на земјата во ЕУ и дека ќе сторат се за да го забрзаат процесот. И да повторам. Едноставно факт е дека 70-80 проценти од трговијата и извозот се реализира со земјите на ЕУ. Седумдесет проценти од инвестициите доаѓаат од земји што се во ЕУ. Скоро цела помош доаѓа од ЕУ-институциите. Не постои алтернатива за патот кон иднината, но тоа не ги спречува земјите да имаат односи, добри односи, со други земји, истакна Жбогар.

 

Треба да знаете
Последни објави