Search

Жбогар: Додека се чека датумот треба повеќе да се работи на подобрување на животот на граѓаните

Додека се чека на датумот за преговори со ЕУ, потребно е сите чинители, како Владата, институциите и самата Унија да работат на подобрување на животот на граѓаните во земјава, порача шефот на делегацијата на ЕУ во земјава Самуел Жбогар, одоговрајќи на новинарско прашање околу недобивањето датум за преговори, при неговотата псоета на Гостивар.

Жбогар, во врска со оваа одлука на Европскиот совет на октомврискиот состанок изрази жалење за исходот, но искажа и оптимизам дека тоа може да се смени, бидејќи како што рече, земјите членки на ЕУ, во наредниве месеци ќе ја разгледуваат новата методологија за проширувањето.

– Се надевам дека ќе донесеме одлука, но, не би сакал да се врзам за рок, ниту да дадам временска рамка. Тука сум веќе три години и досега верував во рокови и временски рамки. По искуството од октомврискиот состанок, не можеме да ветуваме многу во иднина. Јас сфаќам дека датумот е битен како симболично, така и мотивирачки за граѓаните, но опредулавањето на датумот, нема да го смени животот на граѓаните. Додека го чекаме датумот, сите ние, Владата, ЕУ, институциите, треба да се фокусирме на работата како да се подобри животот на граѓаните, рече Жбогар на прес – конференцијата која се одржа по средбата со гостиварскиот градоначалник Арбен Таравари.

Треба да знаете
Последни објави