Search

Ејуп Рустеми од Пошта на местото на Китанов во Државни патишта

Досегашниот директор на АД „Пошти на Северна Македонија“ Ејуп Рустеми ќе биде нов директор на јавното претпријатие за државни патишта, потврди премиерот Зоран Заев по Меѓународната научна конференција „Македонскиот јазик – извор на научни истражувања (дома и надвор).

Рустеми доаѓа на местото на Зоран Китанов, кадар на СДСМ.

Претходно деновиве Рустеми рече дека одлуката за продажба на Македонски пошти не дошла поради лошото менаџирање со компанијата. Според него, финансиската дупка во Македонски Пошти се продлабочила поради затворањето на Еуростандард банката и ковид кризата. Менаџментот упорно тврди дека претходно се обиделе да ги консолидираат финансиите. Загубата од 2,7 милиони евра во 2018-та била намалена на нешто над 1 милион евра.

Заев кажа дека на денешната владина седница ќе бидат именувани дел од директорите и ќе биде распишани огласи за оние места каде тоа е потребно.

Треба да знаете
Последни објави