Search

Ештон Кучер и Мила Кунис: Доказ дека му е крај на бракот „тежок“ 315 милиони

Според написот во Woman’s Day, одлуката на Мила Кунис (37) и Ештон Кучер (42) да ја стават на продажба заедничка куќа во Лос Анџелес е доказ дека популарната холивудска брачна двојка се разведува. Извор за споменатиот медиум изјавил дека ова е само првиот чекор во разводот вреден 315 милиони долари.

 

И покрај тоа што славните сопружници се појавија во шоуто To Night Show набрзо по овие наводи, и го промовираа своето „карантинско вино“, извори блиски до нив тврдат дека сè уште не се откажуваат од идејата за развод.

Исто така, една од главните причини за овој развод е пандемијата и последиците што произлегоа од него.

„Тешко им беше да се навикнат на новите услови и затворањето во куќа со две деца. Поминаа низ многу, навистина многу. И не успеаја. Тие се расправаа буквално за сè – финансии, миење садови, начини на разговор со децата“, изјави неодамна извор близок на парот за споменати магазин.

Инаку, ова не е првпат да се пишува дека ѕвездите на хит-серијата „Весели 70-ти“ се разведуваат. Тие се венчаа пред пет години, а заедно ги имаат синовите Вајат (6) и Димитри (4). Дали и овој пат станува збор за „празни муабети“ или наводите „држат вода“, наскоро ќе дознаеме.

 

Треба да знаете
Последни објави