Search

ЕХФ ќе го организира женското ракометно ЕП само во Данска

Откако Норвешка поради пандемијата предизвикана од коронавирусот се откажа од ко-органицацијата  на женското Европско ракометно првенство, Европската федерација (ЕХФ) потврди дека континенталниот собир нема да се откаже туку ќе се одржи само во една земја – Данска. На официјалната интернет страница беше објавено дека по неколкудневни интензивни преговори, данската Влада даде согласност женското Европско првенство да се одржи од 3. до 20 декември во два града, Хернинг и Колдинг.

Во Хернинг ќе се играат натпреварите од групата А (Франција, Данска, Црна Гора, Словенија) и групата Б (Русија, Шведска, Шпанија, Чешка), како и една од групите во втората фаза, но и самата завршница, полуфиналето и финалето.
Во Колдинг ќе се играат натпреварите од групата Ц (Холандија, Унгарија, Србија, Хрватска) и групата Д (Романија, Норвешка, Германија, Полска) како и една од групите во втората фаза.

Треба да знаете
Последни објави