Search

ЕХФ ја претстави Македонија пред стартот на ЕП-2020

Европската ракометна федерација (ЕХФ) почна со најави на селекциите кои ќе настапат на претстојното ЕП-2020, кое од  10 до 26 јануари ќе се одржи во три земји Австрија, Норвешка и Шведска.

Македонија ќе настапи во групата Б, во Виена, каде покрај домаќинот Австрија ривали за втората фаза ќе и бидат и селекциите на Чешка и Украина.

Македонија по шестипат ќе учествува на континенталниот собири, а во најавата е претставена преку капитенот и лидерот на тимот искусниот голгетер Кирил Лазаров.

Лазаров е роден е на 10 мај 1980 година, а дебитираше за Македонија во 1998. Од тогаш бомбардерот има постигнато 1.431 гол во кариерата. Рекордер е по број на постигнати голови на завршниците од двете најголеми натпреварувања. Прв стрелец беше на ЕП 2012 со 61 гол, а на СП 2009 со 92. Тој е и првиот играч кој во ЛШ стигна до 1.000 гола.

 

https://www.facebook.com/ehfeuro/videos/506502399956258/?t=8

Треба да знаете
Последни објави