Search

ЕХФ потврди: Македонија нема да има претставник во ЛШ!

Само еден ден откако ЕХФ соопшти дека Вардар нема да биде дел од новата сезона во ракометната Лига на шампиони, Европската асоцијација ги објави потенцијалните кандидати за добивање покана за на учество, а меѓу нив за жал го нема нашиот вицешампион, Еурофарм Пелистер.

Елитното натпреварување во следната сезона ќе брои 16 екипи, девет од нив имаат гарантирано место: ГОГ (Данска), Барселона (Шпанија), ПСЖ (Франција), Магдебург и Кил (Германија), Пик Сегед (Унгарија), Киелце (Полска), Порто (Португалија) и Динамо Букурешт (Романија).

Од земјите кои веќе имаат еден претставник во конкуренција за покана останаа Гранолјерс (Шпанија), Алборг (Данска), Веспрем (Унгарија), Нант (Франција), Висла (Полска), Спортинг Лисабон (Португалија) и Баја Маре (Романија).

Останаа и шест екипи кои исто така чекаат повик да бидат дел од елитното натпреварување, а имаат гарантирано место во Лига Европа, Загреб, Елверум, Целје, Иштад и Шафхаузен.

Треба да знаете
Последни објави