Search

ЕХФ не му изрече дополнителна казна на Калараш

Рускиот ракометен интернационалец од редовите на македонскиот, регионалниот и европскиот првак Вардар, Глеб Калараш избегна дополнителна казна од ЕХФ поради црвениот картон кој го зарботи на дуелот со Мотор Запорожје од Лигата на шампионите одигран викендов во Скопје. Арбитражната комисија на ЕХФ по анализата на ситуацијата, односно ударот на Калараш со лакот кон Дмитро Дорошчук, кога беше испратен предвреме во соблекувалната, одлучи дека немало намера кај Русинот и затоа не доби дополнителна казна.

По ваквата одлука Калараш ќе се најде во вардаровата експедиција на тренерот Стевче Алушоски која ќе замине за Португалија каде в сабота (16 ч.) во меѓусебна пресметка со Порто ќе решава за петтата поазиција во групата Б од Лигата на шампионите.

 

Треба да знаете
Последни објави