Search

Ефремовски на местото на Димитријевиќ на дуелот со Русија

Иако беше најавено дека поради краткиот рок за промена на авионскиот билет, македонската репрезентација најверојатно со 11 играчи ќе оди во Перм, во последен момент се отвори можност за замена, која стручниот штаб на напито национален тим ја искористи.

– Со интервенција на канцеларијата на Кошаркарската федерација на Северна Македонија, на местото на повредениот Ненад Димитријевиќ, заедно со останатите репрезентативци, отпатува кошаркарот на Работнички, Виктор Ефремовски кој беше на списокот од 15 кошаркари, но заедно со Марко Миловановиќ и Филип Бакоч, отпадна на ден пред дуелот со Естонија.

Тоа ќе биде нова можност 21. годишниот шутер да дебитира за сениорската репрезентација откако претходно ги помина речиси сите младински селекции на Македонија, соопштија од КФСМ.

Натпреварот против Русија е закажан за 23 февруари во 16 часот по средноевропско време.

Треба да знаете
Последни објави