Search

ЕУ ќе санкционира девет лица во врска со изборите во Донбас

Дополнителен мониторинг за почитување на режимот за прекин на огнот во источна Украина е неопходен по воведувањето на воената состојба во земјата погодена од конфликти, изјави рускиот претставник во Контакт групата за Украина, Борис Гризлов, пренесува „Спутник“.

Дипломатите на земјите-членки на ЕУ се согласија да вклучат 9 лица на листата со санкции околу изборите во Донбас.

„Амбасадорите се согласија за рестриктивни мерки против девет лица кои се одговорни за т.н. избори на истокот од Украина”, изјави изворот.

Денеска се одржа состанок на подготвителниот комитет на постојаните претставници на земјите од ЕУ, чија агенда вклучуваше рестриктивни мерки во врска со дејства кои го поткопуваат или загрозуваат територијалниот интегритет, суверенитетот и независноста на Украина, нови списоци, и одлуки.

Претходно, извор во ЕУ изјави дека проширувањето на „црната листа” би можело да биде реакција на одржувањето на изборите во Луганск и Донецк.

Изјавата доаѓа откако Генералниот секретар на ОБСЕ, Томас Гремингер, истакна дека неодамнешните избори во самопрогласените републики во Донбас не се придржуваа кон условите наведени во мировниот договор од Минск.

На 11 ноември, самопрогласената Донетска Народна Република (ДПР) и Луганска Народна Република (ЛПР) одржаа лидерски и парламентарни избори. Киев, како и Европската унија и САД, не ги признаа изборите. Во меѓувреме, портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков, истакна дека изборите во Донбас  не се во спротивност со  мировниот договор од Минск.

Треба да знаете
Последни објави