Search

ЕУ ќе разговара за пролонгирање на Брегзит 

Амбасадорите на 27 земји членки на Европска Унија денеска ќе дебатираат за одложување на Брегзит, бидејќи британскиот премиер Борис Џонсон предложи предвремени избори во декември.

Претставниците на 27 земји-членки на ЕУ во средата не донесоа одлука за пролонгирање на Брегзит, иако се согласија дека тоа е потребно за да се надмине застојот што настана за излегувањето на Велика Британија од ЕУ.

Џонсон минатата недела се договори со Брисел, но британскиот Парламент не го ратификува договорот за Брегзит.

Британскиот премиер вчера побара предвремени парламентарни избори да се одржат на 12 декември и првпат се откажа од ветувањето за излегување од Унија на 31 октомври со или без договор.

Треба да знаете
Последни објави