Search

ЕУ ќе плати речиси 10 милијарди евра за вакцина против коронавирус

Европската Унија ќе плати речиси 10 милијарди евра за да обезбеди стотици милиони дози вакцини што ги развиваат „Фајзер“ – „БајонТекс“ и „Кјуревак“, изјави за „Ројтерс“ официјален претставник на ЕУ вклучен во преговорите.

Според официјалниот претставник, блокот се согласи да плати 15,50 евра по доза за вакцината против Ковид-19, развиена од „Фајзер“ и „БајонТекс“.

Тоа би значело вкупна цена до 3,1 милијарда евра за 200 милиони дози и 4,65 милијарди евра доколку се набават дополнителни 100 милиони дози според договорот, рече официјалното лице.

Податоците за цената, кои не се претходно објавени, потврдуваат дека за доза од првичното снабдување ЕУ плаќа помалку отколку САД, објави „Ројтерс“ минатата недела.

Договорот вклучува осигурување за земјите од ЕУ да добиваат компензација доколку компаниите ги пренасочат дозите кон САД, според извор кој сакал да остане анонимен поради чувствителноста на проблемот.

ЕУ се согласи да плати 10 евра за доза од првично снабдување со 225 милиони дози вакцина од „Кјуревак, што е попуст во однос на 12-те евра кои компанијата ги утврди како цена за инјектирање, рече официјалното лице.

Блокот постигна договор со „Кјуревак“ оваа недела да обезбеди снабдување до 405 милиони дози, од кои 180 милиони не се задолжителни.

Треба да знаете
Последни објави