Search

ЕУ ја презема водечката улога во промоција и заштита на демократијата ширум светот

По повод Меѓународниот ден на демократијата, Европска Унија препорачува да се преземат зголемени напори за да се заштити и зајакне демократијата како во ЕУ така и ширум светот.

Во заедничкото соопштение шефот на дипломатијата на ЕУ, Жозеп Борел и потпретседатлката на Европска комисија задолжена за демократија Дубравка Шуица, ги поздравија и ги поддржаа сите кои ширум светот се борат за демократските вредности.

– Демократијата се соочува со предизвици, која е влошена поради пандемијата со коронавирусот. Ширум светот се кршат граѓанските слободи, се потиснуваат независните медиуми и новинари, а се поткопуваат демократските институции. Расте поларизацијата, додека се намалува довербата на луѓето во демократските институции и праксата, се посочува во соопштението.

Исто така се истакнува и дека ЕУ ја презема водечката улога во промоција и заштита на демократијата ширум светот.

– ЕУ е заснована на силен ангажман на промоција и заштита на демократијата, заедно со човековите права и владеењето на законот. Без демократија, мир и стабилност не можат да постојат долгорочен развој и просперитет, се наведува во заедничкото соопштение.

Треба да знаете
Последни објави