Search

ЕУ ја почна мисијата во Средоземно море за поддршка на ембаргото на ОН за оружје за Либија

Европската унија денеска ја почна мисијата во Средозмено море за запирање на испраќањето оружје во воено уништената Либија,  откако ги увери државите членки дека операцијата Ирини нема да ги охрабри мигрантите да преминуваат од северна Африка, јави ДПА.

„ Денешната одлука за операцијата Ирини е чекор напред кон политичкото решение во Либија”, напиша претседателот на Европскиот совет Шарл Мишел на Твитер, изразувајќи поддршка за напорите на ОН за решавање на крвавиот конфликт во оваа земја.

ДПА пишува дека официјални претставнјици на ЕУ се соочија со проблеми за  да ја одобрат новата мисија пред крајот на март, кога истекува важењето на претходната операција „Софија”. Пред една година бродовите на ЕУ беа блокирани во услови на длабоки поделби меѓу земјите-членки за спасувањето мигранти.

Операцијата Ирини е главниот придонес на ЕУ во меѓународните мировни напори во Либија. Таа вклучува воздушни и сателитски капацитети и можности за да се следи протокот на оружјето што е забрането за Либија со ембаргото за оружје на Обединетите нации.

Ирини на грчки  значи „мир”.

Поморската операција ќе се одвива во источниот Медитеран, далеку од маршрутите за преминување на мигрантите. Секој што ќе биде спасен, како што се бара со меѓународното право, треба да се испрати во грчките пристаништа и од таму да биде испратен во други држави на ЕУ.

Доколку операцијата заврши со поттикнување на мигрантите преминувања низ водите на Средоземно море, може да се донесе одлука за суспендирање на поморските ЕУ патроли. Овие мерки беа договорени за да се ублажи загриженоста, особено изразена кај Австрија и Унгарија.

Штабот на операцијата Ирини ќе биде во Рим, а ќе ја предводи логистичкиот адмирал Фабио Агостини, Операцијата првично е планирано да има мандат од една година, пренесе ДПА.

Треба да знаете
Последни објави