Search

ЕУ ја повика Турција да го почитува меѓународното право

Лидерите на Европската унија размислуваат за продолжување на ембаргото за оружје против Турција, во знак на протест против нејзината офанзива против курдските сили во северна Сирија.

Холандскиот министер за надворешни работи Штеф Блок изјави дека „нападот врз соседна земја е против меѓународното право и Турција, како и секоја друга земја, мора да го почитува меѓународното право”.

Тој ова го изјави на состанокот на шефовите на дипломатии на ЕУ во Луксембург.

Германија, Франција и Холандија веќе ја прекинаа продажбата на оружје на Турција.

Францускиот министер за надворешни работи Жан-Ив ле Дријан ги повика САД да свикаат состанок на меѓународна коалиција против Исламска држава, предупредувајќи дека хаосот предизвикан од турската офанзива може да ја оживее опасноста од терористичката група.

Сириските Курди беа клучни сојузници на коалицијата предводена од САД во борбата против Исламска држава.

Треба да знаете
Последни објави