Search

ЕУ: Црнците во Европа се изложени на системска дискриминација

Црнците се изложени на системска дискриминација на целата територија на Европската унија, се наведува во извештај на Агенцијата на ЕУ за фундаменталните права.

Како што јави ДПА, во документот се оценува дека луѓето со африканско потекло во Европа живеат во „поскромни домови” и имаа „поограничен пристап” до работните места.

– Многумина од нив на улиците се изложени расно мотивирано малтретирања и на детални полициски проверки, се наведува во извештајот.

Авторите на документот посочуваат дека младите црнци посебно се изложени на дискримнација на работните места и при барањето работа.

Во некои земји на ЕУ дури 76 проценти од младите црнци „ниту работат, ниту се школуваат, ниту се обучуваат за некаква професија”, се наведува во извештајот, при што се посочува дека во таква ситуација се само осум проценти од нивните врсници на ниво на Унијата.

Според извештајот, околу 45 проценти од црнците жиеват во пренаселени домови, а само 15 отсто се сопственици на живеалиштата. На ниво на цела ЕУ, во пренаселени домови живее само 17 проценти од населението, од кои 70 отсто во сопствени живеалишта.

Извештајот се базира на податоци од 12 членки на ЕУ, при што биле анкетирани над 25.500 припадници на малцинските заедници или лица со мигрантско потекло, од кои околу 6.000 црнци.

Треба да знаете
Последни објави