Search

ЕУ формира центар за борба против насилство врз деца

Едно од пет деца во Европа е жртва на некој вид сексуално насилство. Годинава има „вистински бум” на интернет-педофилска порнографија. Само преку интернет минатата година биле пресретнати 725.000 пораки поврзани со насилство врз деца, објави онлајн магазинот „Јуроп тудеј”.

Со цел да се спречи ширењето на криминалот од ваков вид, Европската комисија почна проект моделиран по американскиот Национален центар за исчезнати и деца жртви на злоупотреба.

Центарот ќе координира и разменува информации и извештаи од земјите-членки во врска со насилство врз деца. Паралелна акција ќе биде насочена кон зајакнување на соработката со организациите што работат преку интернет, сите во координација со асоцијацијата „Ние заштитуваме” (We Protect) за да се спречи експлоатација на децата.

Европската комисија ги повикува земјите членки доследно да ги спроведуваат националните закони што веќе постојат во оваа област и најавува нов закон на ЕУ што ќе ги обврзува оние кои обезбедуваат услуги преку интернет да сигнализираат на властите за педофилско-порнографски материјал.

Треба да знаете
Последни објави