Search

ЕУ стравува дека е загрозена независната на судството во Источна Европа

Комесарот за правда на Европската унија, Вера Јурова, денеска изјави дека независноста на судството е загрозена во источноевропски земји, како што се Бугарија, Унгарија, Полска и Романија, и предупреди дека тој тренд може да ја наруши довербата меѓу земјите-членки.

Јурова рече дека предизвиците за владеењето на правото во некои земји се зголемуваат и дека реформата на судството е поткопана од крајно политизирани дебати.

Таа додаде дека граѓаните и компаниите во земјите главно во Источна Европа се загрижени дека расте политичкиот притисок и политичкото мешање. Како што рече, покрај тоа што спречува фер судење, такво нешто може да наштети и на бизнисите.

-Ако судскиот систем е корумпиран во една земја, влијанието ќе се почувствува низ цела ЕУ, бидејќи ние се потпираме на взаемната доверба, рече Јурова

Треба да знаете
Последни објави