Search

ЕУ со осуда за насилството во Бејрут

Европската Унија се огласи по насилните протести во Бејрут кои резултираат со повеќе човечки жртви и ја осуди употребата на сила, јави дописничката на МИА од Брисел.

Најмалку шест мртви и десетици повредени се избројани во либанската престолнина откако граѓани излегоа да протестираат за текот на истрагата поврзана за експлозијата што се случи во август 2020 во Бејрут.

За време на протестите е употребено огнено оружје против демонстрантите, што Европската Унија остро го осуди.

-ЕУ ја осудува употребата на насилство и изразува сочувство за семејствата на жртвите, и повикува на максимална воздржаност за да се избегнат дополнителни бесмислени изгубени животи, се наведува во официјалната реакција на дипломатската служба на ЕУ.

Брисел бара сите страни инволвирани во тензиите да се однесуваат одговорно и да се стави крај на насилството.

-ЕУ повторува дека истрагата за експлозијата на пристаништето во Бејрут на 4 август 2020 мора да се заокружи што побрзо. Таа треба да биде непристрасна, кредибилна, транспарентна и независна. Таа треба да се одвива непречено, додава ЕУ.

Демонстрантите кои излегоа на протест бараат да биде отстранет судијата што ја води истрагата.

Според ЕУ, либанските власти треба да овозможат да продолжи истрагата со сите потребни материјални и човечки ресурси за либанската јавност да ги добие одговорите што ги очекува за причините за традегијата.

Треба да знаете
Последни објави