Search

ЕУ со критики за егзекуциите во Белорусија

Европската Унија бара мораториум од белоруските власти врз смртната казна.

По двете тајни егзекуции во Белорусија месецов, Европската Унија се огласи со критики до властите во оваа земја. Смртната казна е спротивна на вредностите на ЕУ како и на Унверзалната декларација за човекови права, потсетува ЕУ.

-Применувањето на смртната казна е спротивно на декларираната волја на Белорусија да разговара за оваа тема со меѓународната заедница вклучително и ЕУ, потсетува ЕУ во соопштение.

-Воведувањето мораториум од страна на белоруските власти врз употребата на смртната казна како прв чекор кон нејзина аболиција би било позитивен развој, бара ЕУ.

Унијата смета дека “опипливи чекори” од страна на Белорусија кон почитувањето на универзалните човекови права остануваат “клучни” за обликувањето на политика на ЕУ кон оваа земја во иднина.

Оваа година имало четири егзекуции во оваа земја, и уште две лица чекаат да бидат егзекутирани.

Треба да знаете
Последни објави