Search

ЕУ се согласи да ја заврши „операцијата Софија”

– Земјите-членки на Европска Унија денеска се согласија да ја завршат операцијата Софија на поморска мисија на ЕУ за сузбивање на криумчарењето мигранти во Средоземно Море и имаат нови идеи, кои се насочени на примена на американското ембарго на оружје за Либија, изјави денеска министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн.

Тој посочи дека е постигнат политички договор за затворање на операцијата што беше покрената во 2015 година за сузбивање на криумчарите на мигранти, чиј мандат истече во март минатата година.

Аселборн наведе дека „главната цел е ембарго на оружје”.

– Ако нема оружје нема војна. Во Либија има илјадници, илјадници парчиња оружје, наведе Аселборн, додавајќи дека новата операција има три нивоа – воздушно, сателитско и поморско.

Треба да знаете
Последни објави