Search

ЕУ сака да го забрза создавањето лекови без согласност од сопственикот на патентот

Европската унија сака да ги забрза постапките за создавање генерички лекови без согласност на сопствениците на патенти, покажа документот на ЕУ за потегот насочен кон заобиколувањето на заштитата на правата на интелектуална сопственост во итни ситуации, јави Хина.

Таканареченото задолжително добивање дозвола е дозволено во вонредни ситуаици според правилата на Светската трговска организација (СТО) и исто така може да се примени во случајот со пандемијата на коронавирусот.

„Европската Комисија гледа на потребата да се осигури дека постојат ефикасни системи за задолжително добивање дозволи, што ќе се користат како последно средство и заштитна мрежа кога нема да успеат сите други обиди околу интелектуалната сопственост”, се наведува во документот, пренесоа британските медиуми.

Оваа мерка, доколку некогаш се примени, ќе им овозможи на земјите од ЕУ да произведуваат генерички лекови без согласност на фармацевтските компании што ги развиле, иако тие ќе ги задржат правата на интелектуална сопственост.

Предлогот е дел од акцискиот план на ЕУ за интелектуална сопственост, во кој во поголема мера има за цел да ја зајакне заштитата на европските компании наспроти странските актери.

Во првите месеци од пандемијата, пратениците и активистите ја повикаа ЕУ да ги користи правилата на СТО за да добие пристап до потенцијалните вакцини и лекови за коронавирусот, претежно произведени надвор од Европа.

Европската комисија досега одбиваше да го стори тоа и постигна договор вреден повеќе милијарди евра со фармацевтски компании за обезбедување вакцини и лекови.

Треба да знаете
Последни објави